D-507! Just a fu*king number.

20050616

БЛОГОТ Е ПРЕМЕСТЕН

Блогов е преместен на:

http://d507.cjb.net

или

http://members.lycos.co.uk/d507mkd/

20050605

Комедија или што?

Како од се може да се направи виц, докажува, на пример, расказот „Врата“ подолу.

Се што треба да направиме е да додадеме шестта глава на целиот тој текст. Смешна секако.


6.

Линда задоволно ја поднамести главата на Парковите гради, кој нежно ја галеше нејзината долга, густа коса. Во очите имаше сјај, оној детски, невин, среќен сјај. На масата стоеше празно кутивче задоволство. „Добро што те измислија тебе, зошто ништо од хепи ендот!“ тивко промрморува Парк, а камерата се зумира на празното кутивче задоволство на кое полека се распознава зборот Виагра.

Copyright Alkaloid 2007.

Конец Филма

А смислата на животот беше, како беше она, ........

20050523

Врата

1. Телефонски повик

- Ало! Парк?! Имам лоши вести, господине. Авионот на Линда падна... Се сруши во океанот... Спасувачки тимови веќе ја бараат. ... Ќе ја нај... Ало?! Парк!? Парк?! Господине?

2. Старецот

Ветерот нежно ги галеше високите дрвја, откинувајќи ги и последните пожолтени лисја, додека потокот тивко жубореше и ги милуваше камењата обвиени со зелена мов. Сонцето срамежливо ѕиркаше зад облаците кои полека се спремаа да ја полеат сувата земја и да ја најават доцната есен. Планината го задскриваше сонцето во своите прегратки овозможувајќи им на облаците да станат погусти и потемни. Старецот седеше на дрвената клупа покрај потокот и пушејќи од своето луле ја следеше играта на природата, балот на откинатите лисје зафатени од нежното ветре, кои како да го следеа жуборкањето на водата.

Позема еден камен, го фрли во потокот и кога го слушна пласнувањето благо се насмевна среќен што и тој учествуваше во оваа представа. Полека стана, го позема бастунот и тргна кон колибата во ист момент кога облаците тргнаа кон земјата. На момент се сепна. Заборави. Се врати до клупата, повторно седна, ја помилува гравурата од неговата десна страна, погледна кон небото и ја дочека на своето лице првата капка. Потоа следеше уште една. Овојпат таа се лизна од неговото око и го продолжи својот пат по избразденото лице. Дождот се засилуваше и мораше да се засолни што побргу-тоа подобро во својата трошна стара колиба. Бавно стана и уште побавно тргна кон своето засолниште, а тоа гостољубливо го пречека со сета своја топлина и жар. Се испружи на креветот, ја поднамести перницата и некое време неуспешно пробуваше да заспиее. Стана, посегна кон масата, ја зема и веднаш почна да ја чита книгата, истата онаа книга што пробуваше да ја чита веќе неколку месеци. Повторно безуспешно. Мислите му бегаа како пеперутки, па на крај не му остана ништо освен сосема да се откаже од читање, а наместо тоа реши да касне нешто за да ги сузбие оние звуци во стомакот. Ја местеше масата кога му се причини дека слушна чекори. Го начули слухот, колку што може да го начули слухот човек на негови години, но не можеше да слушне ништо друго освен пуцкањето на дрвјата во каминот и капките дожд кои удираа во лимениот покрив. Воздивна длабоко и продолжи со она што го беше фатил да го работи. Повторно. Му се пристори како да слушна некој како тропа на вратата но продолжи да ја мести масата со мисли дека само еден миг пред тоа му се присторуваше дека чул чекори.

Следното тропнување целосно го разубеди дека станува збор само за плод на неговата имагинација. Поита кон вратата, дел затоа што веќе долго време беше осамен и му требаше какво и да е друштво, дел затоа што временските услови налагаа што побрзо да се засолни оној што тропаше на влезот од неговата колиба.

3. Скок

Кога дојде при свест сфати дека се е сосема погрешно.

И се беше сосема погрешно.

Беше пусто, а небото не беше смирувачки сино. Не беше ниту сиво, а ќе беше многу подобро да е, едноставно, црно. Но не. Мораше да биде дреч зелено, премногу, непознато, премногу нападно, странско, дреч зелено. И дрвјата. Каде се дрвјата? Нема ниту едно единствено дрво. Што е ова? Трева?

И што се оние сини, сини, ... топки? Топки, не, не е возможно да се едноставно топки. Сигурно... А оние мали животинчиња со три ноѕе кои трчкаа наваму-натуми низ недогледната рамница... Кучиња?! Можеби зајци?!

Но, што е она на хоризонтот? Птица. Хм, се доближива. Да-да, дефинитивно се приближува. Не личи на птица... нема крилја, и оној млаз светлина од страните... Брод!

4. Враќање

Десет години, поминаа десет години откако последен пат имаше стапнато на земјата. Чекореше нестрпливо, брзо, со долги скокови се протнуваше низ дрвјата, се сопнуваше, паѓаше, но исто така брзо и стануваше, повторно чекореше. На секој чекор стануваше се полесна, понестрплива, посреќна, потажна. Небото беше тмурно, густо, некако жално. Почна да плаче. Капките од чекорот направија трк. Кога стигна до клупата беше изморена и прилично задишана. Седна на нејзе, погледна кон небото кое капеше и посака да го види сонцето, додека со раката, мазнејќи ја површина на старата клупа, ја бараше гравурата. Тука е.

Се одмори неколку минути и нервозно, нестрпливо, среќно и тажно тргна кон колибата. Десет години упорно и трпеливо го бараше патот до тука, патот до оваа врата. Застана, се исправи, ја поправи косата, и одлучно тропна.

5. Врата

Сеуште не се знае кој беше повеќе изненаден.

Парк, кој ја здогледа Линда, онаква каква што ја памти, малку постара, но онаква, каква што ја виде последен пат, пред да се качи во авионот кој се сруши некаде во океанот.

Или пак Линда, која го виде Парк, триесетина години постар, но сепак, оној ист Парк кој ја испрати до авионот со кој се сруши некаде над бермудскиот триаголник.

20050521

Пресек

Славата е фатална болест. Ќе ве заебе повеќе него вашите мама и тато. Некаде таму пред крајот на дваесетиот век потерата по слава стана животен стил. Наеднаш сите сакаа да бидат славни. Известувачи, новинари, метеоролози, астролози, кувари, лекари стажисти, дури и адвокатите, за име божје, сите поблесавеа пробувајќи да се дограбат до своите петнаесет минути слава која им ја вети поп филозофијата на Енди Ворхол. Го замени задгробниот живот како најголема илузија на човештвото. Слава! Ќе живееш вечно. Слава! Шанса да им се одмаздиш на родителите. Слава! Пробајте го ова, вие ништожни клинци кои бевте толку сурови кон мене во школо. Слава! Шанса да се прикачиш себе си за лицето на историјата.

Слава, слава, слава, слава, слава.

Тој сифилис на душата беше, се разбира, последица на доаѓањето на телевизијата и инстант вниманието на новите мас-медиуми. Доколку медиумот беше порака, тогаш пораката беше срање, зошто ТВ екраните беа од урто до мрак без престан полни со дваесетчетиричасновно срање. Никој не беше поштеден. Ни претседатели, ни принцови, ни папата, ниту претставниците на народот. Гаќите долу, соблекувај го шорцот, одиме во живо право на тебе за десет, девет, осум... Бакни па кажи, бакни па продади, продади, продади. Интима? Приватност? Заборави. Озогласеност? Срамота? Нема тоа. Слава. Тоа е името на играта. Приватниот живот е исперен со плимскиот бран на слободата на говорот. Не беше битно дали си славен затоа што си го убил председателот или си измислил нова врста на пудинг, сега славата беше во состојба да патува со брзина на светлината и сите сакаа макар еден добар залак во светот на славата.

Никој не се сеќава на името на типот кој ја започна Првата светска војна така што го уби надвојводата во Сараево 1914. Сите се сеќаваат на Ли Харви Освалд. Слава! Одалечена од тебе за само еден истрел од пушка. Под услов да имаш телевизија. Слава, интелектуален еквивалент на мавтање кон камерата. „Види ме, мамо! Овде сум. Вистински сум. На ТВ сум.“ Тажно, болно и вредно за сожалување. Сакам да кажам, во тек на 1990-ите дури и агентите станаа славни, Исусе. А како ги викаме славните? Ѕвезди! Сакам да кажам, ехеј. Зар немаме чуство за иронија? Погледнете горе – погледнете горе на вистинските ѕвезди. Ги има милијарди. Милијарди и милијарди гревчиња. Зар не сфаќаме? Нема слава. Не постои бесмртност. Нема живот после смртта.

Извадок од романот “The Road to Mars” - Eric Idle

Топ 50

Најзначајните книги (НФ и Фантазија) во последните 50 години. Според некои извори што немора да бидат во право, секако.

1. The Lord of the Rings, J.R.R. Tolkien
2. The Foundation Trilogy, Isaac Asimov
3. Dune, Frank Herbert
4. Stranger in a Strange Land, Robert A. Heinlein
5. A Wizard of Earthsea, Ursula K. Le Guin
6. Neuromancer, William Gibson
7. Childhood's End, Arthur C. Clarke
8. Do Androids Dream of Electric Sheep?, Philip K. Dick
9. The Mists of Avalon, Marion Zimmer Bradley
10. Fahrenheit 451, Ray Bradbury
11. The Book of the New Sun, Gene Wolfe
12. A Canticle for Leibowitz, Walter M. Miller, Jr.
13. The Caves of Steel, Isaac Asimov
14. Children of the Atom, Wilmar Shiras
15. Cities in Flight, James Blish
16. The Colour of Magic, Terry Pratchett
17. Dangerous Visions, edited by Harlan Ellison
18. Deathbird Stories, Harlan Ellison
19. The Demolished Man, Alfred Bester
20. Dhalgren, Samuel R. Delany
21. Dragonflight, Anne McCaffrey
22. Ender's Game, Orson Scott Card
23. The First Chronicles of Thomas Covenant the Unbeliever, Stephen R. Donaldson
24. The Forever War, Joe Haldeman
25. Gateway, Frederik Pohl
26. Harry Potter and the Philosopher's Stone, J.K. Rowling
27. The Hitchhiker's Guide to the Galaxy, Douglas Adams
28. I Am Legend, Richard Matheson
29. Interview with the Vampire, Anne Rice
30. The Left Hand of Darkness, Ursula K. Le Guin
31. Little, Big, John Crowley
32. Lord of Light, Roger Zelazny
33. The Man in the High Castle, Philip K. Dick
34. Mission of Gravity, Hal Clement
35. More Than Human, Theodore Sturgeon
36. The Rediscovery of Man, Cordwainer Smith
37. On the Beach, Nevil Shute
38. Rendezvous with Rama, Arthur C. Clarke
39. Ringworld, Larry Niven
40. Rogue Moon, Algis Budrys
41. The Silmarillion, J.R.R. Tolkien
42. Slaughterhouse-5, Kurt Vonnegut
43. Snow Crash, Neal Stephenson
44. Stand on Zanzibar, John Brunner
45. The Stars My Destination, Alfred Bester
46. Starship Troopers, Robert A. Heinlein
47. Stormbringer, Michael Moorcock
48. The Sword of Shannara, Terry Brooks
49. Timescape, Gregory Benford
50. To Your Scattered Bodies Go, Philip Jose Farmer

20050520

Пресек

Перец се спушти во огромната стара фотелја, ги испружи нозете, и навалувајќи се, мирно ги стави рацете на наслоните. „Но што стоите“, им се обрати на книгите. „Неработници! Зар вас поради тоа ве пишуваа? Известете, известете ме како оди сеидбата, колку е засеано? Колку е засеано: разумно, добро, вечно?! И какви се изгледите за жетва? И најважно – какви се резултатите? Ќутите… Ете на пример ти, како те викаа… Да-да, ти, двотомецу! Колку луѓе те прочитале? А колку сфатиле? Те сакам, стар мој, ти си добар и чесен пријател. Ти никогаш не викаше, не се фалеше, не се лупаше во гради. Добар и чесен. И оние, кои те читаат, исто така стануваат добри и чесни. Барем привремено. Иако и сами со себе… Но ти знаеш, постои такво мислење, дека за да би се чекорело напред, добрината и чесноста не се баш толку обавезни. За тоа се потребни ноѕе. И чевли. Може да бидат дури и неиспрани ноѕе и валкани чевли… Прогресот може во потполност да биде рамнодушен спрема поимите добрина и чесност, како што беше рамнодушен спрема тие поими и до сега. На управата на пример, за да функционира правилно, ниту добрина ниту чесност не и е потрабна. Пријатност е, пожелна, ама не и обавезна. Како латински јазик за чистач на улици. Како развиени бицепси за благајник. Како почит спрема жената за Домагаениот… Ама се зависи од тоа како се сфаќа прогресот. Тој може да се сфаќа така, да се појавуваат оние познати „затоа“: алкохоличар, ама затоа одличен стручњак; распуштен човек, ама затоа извонреден говорник; крадец, ништожник, тепач, ама затоа – каков организатор! Убиец, но затоа дисциплиниран и лојален… А прогресот исто така може да се сфати како претворање на сите луѓе во добри и чесни. И тогаш ќе стигнеме до време, кога ќе се говори: стручњак е тој навистина добар, ги познава работите, ама типот е валкан, треба одма да се избрка…

Слушајте книги, а знаете ли вие, дека ве има повеќе него луѓе? Кога сите луѓе би ги снемало, вие би можеле да ја населите земјата и би биле во потполност исти како и луѓето. Меѓу вас постојат добри и чесни, мудри, кои знаат многу, а исто така и наивно празни, скептици, лудаци, убијци, заводници, деца, досадни проповедници, самозадоволни будали и полуобразовани викачи со запалени очи. И вие не би знаеле зошто постоите. И стварно – зошто постоите? Многу од вас даваат знаење, но зошто е тоа знаење во шумата? Тоа нема апсолутно никаква врска со шумата. Тоа е исто кога иден архитект на сончеви градови би го учеле фортификација, и после тоа, колку и да се труди да изгради стадион или санаториум, кај него стално би испаѓал некаков досаден, мрачен бункер со ровови. Она, што вие им го дадовте на луѓето, кои дојдоа во шумата, тоа не е знаење – тоа се предрасуди...

Други од вас вселуваат неверба и опаѓање на духот. И не поради тоа што се мрачни или сурови, или што предлагаат и нудат да се остави еднаш за навек надежта, него поради тоа што лажат. Понекогаш лажат светликаво, искричаво, со бодри песни и свирки, понекогаш плачливо, стенкајќи и правдајќи се, ама – лажат. Поради нешто таквите книги никогаш и никој не ги пали и никогаш не ги тргаат од библиотеките, немало сеуште во историјата случај, лагата да се предава на огнот. Единствено можеби случајно, ако не проанализирале како треба или ако поверувале. Во шумата тие исто така не се потребни. Тие никаде не се потребни. Сигурно баш поради тоа ги има толку многу... тоест не поради тоа, него затоа што ги сакаат... Темницата на горчливата вистина ни е помила... Што? Кој тоа тука разговара? Ах, тоа јас разговарам... Но, ете јас зборувам дека постојат уште книги... Што?...“

Извадок од романот „Улитка на Склоне“ – Аркадиј и Борис Стругацки

20050515

Експедиција 803.6

Сините алармни светла во бродот почнаа да се палат и гаснат што самото по себе беше доволна причина лицето на Морган целосно да се измести. Вилицата скоро ќе му испаднеше од главата која пробуваше да се движи во сите насоки одеднаш, додека очите се обидуваа да пронајдат точка во која и двете ќе можат да гледаат со крајно внимание. Поминаа неколку мигови додека едното око не го фати во својот видеокруг техничарот за комуникации и веднаш инстинктивно го повика и другото. Сепак, моментот на крајно внимание доцнеше поради непослушната вилица која правеше салта или барем пробуваше да прави.

- Ш..што, што беше тоа? – Конечно процеди низ вилицата која малку од малку се беше прибрала.
- Знаци на интелегентен живот, нареднику! – со неверба во гласот, нетрепкајќи и скоро немрдајќи ја устата, одговори на прашањето техничарот. - Фативме сигнал за комуникација. Застарен и непрактичен за воља на вистината, - продолжи да известува несвесно чешкајќи си го челото - но изгледа дека некој сепак го користи.
- Каде? – Брзо праша и со долг, вешт скок се најде веднаш над контролната табла за и самиот да се увери дека Мико не халуцинира.

Овој пак чуствувајќи се малку навредено и непријатно од реакцијата на наредникот, покажа со прст на еден дел од таблата и го прочита наглас она што му стана совршено јасно и на Морган уште пред овој да стигне да одговори: - Регион Прак 2068М.

- Гледам, гледам. – Почна замислено и нестрпливо да се шетка лево-десно по елипсовидната палуба. Од големото изненадување му беше потребно малку време да го оформи следното прашање. - Кога е испратен сигналот?
- Хм, тешко е да се утврди, - кисело процеди - не ја знаеме јачината на изворот.
- Но така... – застана и се намршти како ураган - но така можеби ќе ни требаат 300 години за да стигнеме до таму.
- Во најлош случај 1.2 години нареднику, и 0.1 година за точно лоцирање на изворот. Ваквите бранови не можат да достигнат поголема далечина... – подзастана, го набра челото подзамислувајќи се:
- Единствено ако успеале да направат уред кој е милион пати поголем извор од оние што ги користевме ние пред неколку векови, а тоа е практично невозможно.

Морган не престануваше во себе да си повторува, како да сака подобро да сфати: - 1.3 години...
– Добро, - подвикна - поставете курс кон Прак 2068М. Рамата, веднаш формирај тим кој ќе се обиде да го одгонетне значењето на сигналот. Локи, преземи ја палубата. За секоја нова информација сакам итно известување.

Споро тргна кон својата кабина со глава малку поднаведена кон подот, додека погледот му беше накаде залутан, изгубен во бесконечноста на вселената. Прв пат откако полетаа пред нецели четири години добија сигнал од друга цивилизација. Прв пат ќе се соочат со нов свет, нов живот, живот по кој беа испратени да трагаат, да го најдат, истражат и доколку е возможно да остварат контакт. По прв пат во овие нецели четири години нивното патување доби смисла и тоа баш во оној момент кога скоро да изгубија и секаква надеж дека ќе го пронајдат. – Токму во вистински момент. – ја отвори вратата од кабината и се испружи во удобната фотеља.

* * *

136 дена од приемот на сигналот

- Уште 10 минути нареднику и сензорите ќе можат да ја испитаат планетата за која со 95.48% веројатност утврдивме дека е извор на сигналот.

Уште малку... – размислуваше Морган, загледан во планетата која полека растеше на големиот екран, додека неговата лева нога пробуваше да фати некој ритам само нејзе познат - уште малку и ќе дознаеме кои се нашите далечни соседи. Според сите заклучоци донесени на состанокот треба да очекуваме не премногу развиена цивилизација, ако можеме да судиме според начинот на комуникација, односно според сигналот кој го фативме и сеуште не успеавме да го одгонетнеме...

- Уште 5 минути! – Како од пушка исфрли Локи, нестрпливо гледајќи во контролната табла и нервозно тропкајќи со прстите на нејзината мазна и светла површина.

Ах, колку само ќе беше сега полесно да знаевме што значи сигналот. – Се наврати на своите мисли, стоејќи во неизменета положба со една мала, можеби и неважна разлика. Сега левата нога стоеше мирно, а десната пробуваше да продолжи онаму каде што беше застанала нејзината симетрична колешка. За сето тоа време брадата уживаше во ритмичкото чешање од палецот и показалецот. - Но можеби само на тоа поле се неразвиени додека во други, за нас непознати науки, се своеврсни богови. Можно е и во сите останати на нас познати науки да се поразвиени. Не, ваквата логика беше отфрлена од сите математичари, иако се сложија дека постои веројатност од 2.81% да е токму така. Можеби... - ќе продолжеше да размислува но гласот на првиот заменик повторно го прекина.

- Стигнавме. Сензорите вклучени. Првите резултати се очекуваат за 581 секунда. – Известуваше Локи, а во неговиот глас можеше да се забележи возбуда и немир кои сосема оправдано и крајно непрофесионално го имаа зафатено целиот брод.
- Викнете го научниот тим во салата за состаноци. – За сето време не го тргаше погледот од екранот, поточно од една долга кривудава линија на планетата која ја забележа пред половина минута, а беше облеана со мистичност и тајновитост. Не знаеше дали тоа е така затоа што тој ја прави таква или е таква сама по себе си.
- Направено.
- Мико, сите резултати од сензорите сакам да се емитуваат директно во салата. Среди го тоа и веднаш придружини се, мислам дека треба да изнајдеме начин како да кажеме „здраво“.

* * *

- Нема интелегентна форма на живот? Но како...? – сеуште не можеше да сфати Локи - Од каде тогаш оној сигнал?
- Сигналот е пратен пред дваесет, најмногу триесет години... – Трпеливо по вторпат објаснуваше челниот научник Рамата. - За жал дојдовме прекасно, нешто се случило овде, нешто страшно. Нешто што било фатално за цела нивна цивилизација. А дека била цивилизација сведочат сите разурнати градби на планетата. Претпоставуваме дека тоа се нешто слично на нашите села во кои живееле и по неколку милиони жители. Само едно нешто не ми е јасно во целата оваа трагедија. Како изумреле и зошто? На планетава сеуште има идеални услови за живот. Компјутерот пресмета дека поради поголемото ниво на радијација од нашата матична планета овде без спиење можеме да издржиме повеќе од 50 часови. Интересно е што и кога ќе заспиеме на нашиот организам ќе му бидат потребни само 3.72 часа за да одмори и биде повторно способен за нормално функционирање. - Го заврши своето излагање со блага насмевка на своето лице која беше директна последица на тивкото и неразбирливо мроморење, проследено со збунети погледи и глави што се вртат навака-натака.
- Како ли само при вакви идеални услови настанала катастрофа? – Се прашуваше Локи повеќе себе си, отколку останатите во салата.Ќе го откриеме и тоа еден ден. – Воздивнувајќи длабоко одговори некој во ист миг кога Морган стана, и уморно влечејќи ги нозете тргна кон својата кабина. Во ушите сеуште му одѕвонуваа последните два збора што ги слушна: - Еден ден. Еден ден. Еден ден.....